Откриена причината за пожарот во Турција во кој загинаа 78 лица

Пожарот во хотелот “Гранд Картал” во ски центарот Карталкаја, во општината Болу, Турција, во кој загинаа 78 лица, бил предизвикан од грешка во хотелската кујна, соопштиле денес турските медиуми, повикувајќи се на резултатите од истрагата.

Во текот на подготовките за појадок во хотелот “Гранд Картал” се запалило врелото масло, а пламенот се проширил поради погрешната интервенција на кујнскиот персонал, кој се обидел да го изгаси пожарот со вода, пишува турскиот портал Trend.

Според наодите од истрагата, пожарот бил предизвикан од прскање врело масло на скарата при подготовка на појадок, а пламенот се проширил поради погрешната интервенција на кујнскиот персонал, кој не го користел апаратот за гасење на пожарот, туку вода.


Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот на кујната и понатаму на горните катови на хотелот.

Констатирано е дека кујнскиот персонал реагирал во паника и во страв го напуштиле местото на пожарот, а гостите во хотелот не биле информирани дека пожарот избувнал, бидејќи противпожарниот аларм не бил во функција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни