Фреските се откриени далечната 2022 година, при увид на гробници кои биле ограбени и оштетени, кога надзорната управа открила срушен ѕид зад кој имало добро сочувана гробна комора, но Управата за да спречи понатамошни грабежи и оштетувања, веста за откриената гробница ја чувала во тајност, додека гробницата не биде соодветно обезбедена и сочувана, пренесува порталот Херитиџ дејли.
Наводно, фреските прикажуваат сцени на танцување и антички работилници, за кои археолозите веруваат дека биле создадени во средината на петтиот век п.н.е.
На левиот ѕид се слики на мажи и жени кои танцуваат околу обучен свирач на флејта, додека на десниот ѕид е прикажана металуршка работилница, која веројатно го претставува митскиот ковач на Сетлана (етрурскиот пандан на Хефест).
На задниот ѕид е претставена жена покрај две млади фигури, но остатокот од сликата не е видлив бидејќи бил оштетен од разбојници кои упаднале во комората со дупчење на ѕидот од другата страна.
Иако останале малку погребни предмети, ископувањата на остатоците откриле фрагменти од атичка црвенофигурна керамика.
Надзорникот на локацијата Маргерит Ајхберг рече дека деталите на сликите се извонредни, што особено се виде по првата реставрација.
Етрурците биле еден од народите на античка Италија и се смета дека ја создале првата голема цивилизација на Апенинскиот полуостров, која имала големо влијание врз Римјаните – тие ги научиле на азбуката и бројките, како и многу елементи во архитектурата, уметност, религија и облека.