Откриена е причината за поморот на рибите и за загадувањето на водата во Калиманско езеро, се комплетира обвинението

Обвинтелството во соработка со Министерството за внатрешни работи ја финишираат истрага за големиот помор на рибите во Калиманско езеро на 6 август оваа година.

Спортското риболовно друштво „Шаран“ од Македонска каменица за Рацин.мк информираа дека во истргата биле вклучени и инспектори за животна средина и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од извршените анализи на водата во Каменичка река, Калиманско езеро и примероци од угинатите риби се добиени официјални извештаи во кои е констатирано следното:

– рибите се угинати од присуство на многу силен акутен отров – цијаниди ;

– Во примероците од угинатите риби во самото ткиво откриено е присуство на тешки метали – Жива, Кадмиум, Олово, Арсен и Цинк ;

– Во водата на вливот на Каменичка река во езерото Калиманци откриено е енормно зголемено присуство на Манган (50 пати над дозволеното), Кадмиум, суспендирани материи (4 пати над дозволеното), Амонијак (53 пати над дозволеното), Нитрити ( 8 пати над дозволеното), Олово, Цинк и Бакар ;

– Во водата на Каменичка река во горното течение, под тунелот на јаловиштето, и на самиот улив во Калиманско езеро е откриено зголемено присуство на цијанид.

Од СРД Шаран истакнаа дека ќе бараат од надлежните целосно расчистување на случајот и одговорност на сторителите пред судовите, како и превземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на луѓето на Општина Македонска Каменица.

Цијанидот како хемиско соединение претежно се користи за експлоатацијата на сребро и злато во рударството. Тој ги раствора овие метали, овозможувајќи нивно одвојување од другите цврсти материи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни