Откриен таен дел во египетските пирамиди кој го виделе само 50 луѓе во последните 4.600 години

Пирамидите во Гиза, едни од најстарите и најпознатите градби на светот, се наоѓаат на западниот раб на долината на Нил, околу 15 километри од Каиро. Иако ги посетуваат околу 14 милиони туристи годишно, одредени делови остануваа затворени за јавноста – до сега, пренесува Punkufer.hr.

Познатиот Јутјубер Џими Доналдсон, познат како Mr.Beast, добил ексклузивен пристап до скриените простории и древни гробници во внатрешноста на пирамидите во Гиза. За време на оваа уникатна авантура, му се придружил и угледниот археолог д-р Захи Хавас, кој му пружил стручни увид во историските тајни на овие монументални градби.

Тој не само што истражувал најдлабоки делови од гробниците, туку успеал да се искачи и на највисоката точка на Кеопсовата пирамида, место кое во последните 4.600 години го виделе само 50 луѓе.

Пирамидите во Гиза, едни од најстарите и најпознатите градби на светот, се наоѓаат на западниот раб на долината на Нил, околу 15 километри од Каиро. Иако ги посетуваат околу 14 милиони туристи годишно, одредени делови остануваа затворени за јавноста – до сега, пренесува Punkufer.hr.

Во својот видео „Поминав 100 часа во пирамидите“, Mr.Beast открива ексклузивни снимки од внатрешноста на гробницата Iymery, украсена со древни цртежи кои го прикажуваат животот на Египќаните пред речиси пет милениуми. Исто така, добил прилика да влезе во внатрешноста на Големата сфинга, истражувајќи дали во нејзината утроба навистина постојат легендарни богатства и скриено злато.

Најголемиот дел од своето истражување го поминал во Кеопсовата пирамида, комбинирајќи едукацијата и авантурата за да му ги приближи на публиката едно од последните преостанати светски чуда на античкото време.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни