Откриен нов вид на химера во Пацификот

Истражувачите од Нов Зеланд пронашле нов вид на химера или „дух-ајкула“, риба која живее и лови во големите длабочини на океанот.
Фото: National Institute of Water and Atmospheric Research

Примероците од оваа австралиска химера се откриени во областа на Пацификот што се протега на повеќе од 1.000 километри источно од Нов Зеланд, соопшти тимот од Националниот институт за истражување на вода и атмосфера, со седиште во Велингтон.

Химера, која е позната и како „дух-ајкула“ е вид риба со долга опашка и скелет направен од ‘рскавица, тие се слични на ајкули и на раја, иако нивниот заеднички предок живеел пред речиси 400 милиони години.

Повеќето химери живеат на морското дно и се хранат со мекотели и други безрбетници на длабочини до околу 2.600 метри, иако ги сакаат и крајбрежните води.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни