Американските научници идентификувале систем во човечкиот мозок што претставува врска помеѓу умот и телото, пренесе агенцијата Ројтерс.
Прашањето за односот меѓу човечкиот мозок и телото е тема за која дискутирале многу научници, но одговорот се наоѓа во самата структура на мозокот.
Научниците тврдат дека откриле делови на мозочните келии, кои ги нарекуваат „моторен кортекс“ го управуваат движењето на телото. Тој е поврзан со мрежата која е вклучена во размислувањето, планирањето, менталното возбудување, болката и контролата на внатрешните органи, како и со крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
Идентификуван е досега непознат систем во „моторниот кортекс“ (дел од церебралниот кортекс), кој има повеќе јазли помеѓу областите на мозокот кои веќе се познати дека се одговорни за движење на одредени делови на телото – раце, стапала и лице.
Тој дел се вклучува при истовремено користење на повеќе различни движења на телото.
Системот е наречен „сомато-когнитивна акциска мрежа“, а научниците ја документирале неговата врска со деловите на мозокот за кои се знае дека помагаат во поставувањето на цели и планирањето на акции.
Утврдено е дека таа мозочна мрежа одговара на другите делови на мозокот, кои како што е прикажано во студии во кои се испитувани мајмуни, се поврзани со внатрешните органи, вклучувајќи го желудникот и над бубрежните жлезди.
Откриената мозочна мрежа им овозможува на овие органи да ги променат нивоата на активност во исчекување на извршување на одредена акција.
Сето ова може да ги објасни физичките реакции како што се потењето или зголемениот пулс предизвикан од самата помисла на идните напори, објаснуваат научниците, а пренесуваат агенциите.
Се покажа дека човечкиот моторен систем не е единствен. Наместо тоа, научниците веруваат дека постојат два посебни системи кои го контролираат движењето.
Едниот е за изолирано движење на рацете, стапалата и лицето. Овој систем е важен, на пример, за пишување или зборување, односно движења кои треба да вклучуваат само еден дел од телото.
Вториот систем е поважен за интегрираните движења на целото тело и е повеќе поврзан со областите за планирање на високо ниво на мозокот.
Извор: Н1 Србија