Откриен е нов лек кој покажува одлични резултати во превенцијата на ХИВ

Обединетите нации соопштија дека бројот на нови ХИВ инфекции во 2023 година е најмал од 1980-тите, но предупредија дека падот е сè уште премногу бавен. Минатата година околу 1,3 милиони луѓе се заразиле со ХИВ, што е повеќе од три пати повеќе од бројот што го поставија ОН за ставање крај на епидемијата на СИДА до 2030 година. 

Околу 630.000 луѓе починале од болести поврзани со СИДА минатата година, што е најмал број од врвот на епидемијата во 2004 година, кога имаше 2,1 милион смртни случаи, се вели во извештајот пред Светскиот ден за борба против СИДА-та.

Голем дел од напредокот и се припишува на антиретровирусните третмани (комбинација на лекови кои се користат за лекување на инфекција со ХИВ) кои можат да го намалат количеството на вирус во крвта на пациентите. Од скоро 40 милиони луѓе кои живеат со ХИВ ширум светот, околу 9,3 милиони не добиваат третман, предупредува извештајот. 

28 земји забележаа пораст на ХИВ И покрај глобалниот напредок, 28 земји забележаа зголемување на ХИВ инфекциите минатата година. Извештајот укажува дека напорите да се направи превентивен третман познат како профилакса пред изложување (PrEP) достапен во одредени земји напредуваат многу бавно. 

PrEP е лек кој се зема за да се спречи ХИВ инфекцијата пред лицето да дојде во контакт со вирусот, односно пред да дојде до ризична изложеност. Иако овој третман е ефикасен, само 15 проценти од луѓето на кои им бил потребен PrEP го користеле овој лек во текот на 2023 година. PrEP е лек кој се зема за да се спречи инфекција со ХИВ пред лицето да дојде во контакт со вирусот. 

Заменик директорката на УНАИДС (програма на Обединетите нации што се занимава со глобалниот одговор на ХИВ/СИДА) Кристин Стеглинг рече дека се постигнати резултати, благодарение на биомедицинскиот напредок, подобрената заштита на човековите права и ангажманот на заедницата преку активизам. 

„Сè уште има големи празнини во заштитата на човековите права, а овие празнини го спречуваат светот да тргне по патот што би ставил крај на СИДА-та – рече Стеглинг. 

Таа предупреди дека доколку продолжат сегашните трендови, во иднина ќе имаме значително поголем број на заразени со ХИВ. УНАИДС укажа дека законите и практиките што ги „дискриминираат или стигматизираат“ луѓето со ХИВ сериозно ја попречуваат борбата против оваа болест. Како пример, законот против хомосексуалноста на Уганда, еден од најстрогите закони во светот, доведе до значително намалување на пристапот до превентивниот третман PrEP откако законот стапи на сила минатата година. 

Новиот лек, ленакапавир, кој во раните испитувања покажа 100 процентна ефикасност во спречувањето на ХИВ инфекцијата, беше поздравен како потенцијална револуција во борбата против оваа болест. Сепак, постои загриженост за високата цена на новиот лек – американската фармацевтска компанија Гилеад наплаќа околу 40.000 долари по лице годишно. 

Минатиот месец Гилеад потпиша договор со производители на генерички лекови за производство и продажба на лекот по пониски цени во земјите со пониски приходи. Нов лек, ленакапавир, кој во раните испитувања покажа 100 проценти ефикасност во спречувањето на инфекција со ХИВ. Сепак, активистите предупредуваат дека многу луѓе со ХИВ нема да имаат пристап до овие поевтини верзии на лекот. 

Затоа според нив вистински напредок во намалувањето на новите инфекции може да се постигне само кога секој има пристап до овој лек, без разлика на цената.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни