Откријте ја архитектонската историја на Скопје: Промоција на „Артемушкин и Скопје“

Со задоволство ви ја најавуваме нашата нова архитектонска публикација „Артемушкин и Скопје“, која го истражува творештвото на еден од најзначајните градители од периодот меѓу двете светски војни.

Оваа сабота, на 16-ти ноември, во 12:00 часот, ќе се одржи уникатна прошетка низ содржината на книгата, започнувајќи од фонтаната Лотус на влезот во Градскиот парк. Прошетката ќе ги опфати познатите палати Рубен, Бојаџиеви и Арапска куќа, но и помалку познати примери од творештвото на Артемушкин кои често остануваат незабележани во секојдневниот живот во Скопје. Учесниците ќе имаат шанса да слушнат за историјата на овие згради, нивната архитектура и денешната состојба, како и за урбаниот контекст на Скопје до земјотресот и неговото опстанување до денес. Прошетката е целосно бесплатна, но регистрацијата е задолжителна.

Важно е да се напомене дека марх овој месец прославува 10 години постоење, што дополнително ја нагласува важноста на оваа публикација и настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни