Откријте ги 50-те земји со најголема независност во домашното производство на храна

Гвајана е единствената со 100% независност од храна, додека Европа и Азија се соочуваат со предизвици во овошје, зеленчук и млечни производи.

Од 186 земји во направената студијата, само Гвајана е единствената земја која достигнува 100% независност и може самата да ги прозиведува сите седум групи на храна. Европските земји имаат проблеми со самозадоволство од овошје и зеленчук, додека азиските земји најмногу заостануваат во млекото и млечните производи.

Основните податоци се од студија објавена во мај 2025 во Nature Food, под наслов „Разликата помеѓу националното производство на храна и препораките за исхрана базирана на храна“, од Stehl, J., Vonderschmidt, A., Vollmer, S. и соработници.

Истражувачите ја споредија националната продукција со диеталните упатства Livewell преку седум главни категории на храна: овошје, зеленчук, мешунки, скробни житни култури, месо, риба и млечни производи.

Диетата Livewell го зема предвид и одржливото производство на храна, што може да влијае на рангирањето. Независнотса се смета за постигната кога има 100% во секоја категорија. Повеќе од тоа укажува на капацитет за извоз, помалку укажува на потреба од увоз.

Гвајана: Единствената земја што целосно се нахранува сама

Технички, Гвајана е единствена со совршен резултат во сите седум групи храна.

ЗемјаИсполнети групи хранаОвошје (%)Зеленчук (%)Мешунки, Ореви и Семки (%)
🇬🇾 Гвајана7403223128
🇻🇳 Виетнам6125150107
🇨🇳 Кина6153356108
🇴🇲 Оман51121590
🇻🇺 Вануату5110434060
🇱🇦 Лаос520719466
🇵🇭 Филипини518949116
🇰🇬 Киргистан543153114
🇺🇿 Узбекистан517723934
🇱🇻 Латвија51423353

Плодните алувијални низини на Гвајана даваат обилна жетва од ориз и скробни корени. Рековните рибници и пасиштата го зголемуваат производството на месо и риба над потребите на 900.000 жители.

Неколку други земји достигнуваат „супер“ статус: Виетнам и Кина исполнуваат шест групи храна, а уште 23 земји покриваат пет.

Главниот заклучок е јасен: целосната самозадоволеност со храна е исклучок, а не правило.

Европската има проблем со овошје и зеленчук

Овошјето може да изгледа изобилно во европските супермаркети, но бројките говорат поинаку.

Од најдобро рангираните земји, Русија исполнува само 33% од домашните потреби за овошје, Латвија 13%, а Естонија само 3%. Производството на зеленчук не е многу подобро во истите земји.

Сепак, Јужна Европа се покажува добро. На пример, Шпанија произведува четири пати повеќе овошје и зеленчук од потребите на своите жители, а вишокот го извезува на север

Азија и постојан дефицит на млечни производи

За голем дел од Азија, млекото и сирењето се луксузен увоз.

Виетнам и Кина имаат добри резултати во пет други групи храна, но само 14% и 29% од потребите за млечни производи, соодветно.

ЗемјаСкробни житни култури (%)Месо (%)Риба (%)Млечни (%)
🇬🇾 Гвајана561319194111
🇻🇳 Виетнам31223123014
🇨🇳 Кина17930115429
🇴🇲 Оман1107373129
🇻🇺 Вануату11312260811
🇱🇦 Лаос4771611030
🇵🇭 Филипини1431611010
🇰🇬 Киргистан1212063386
🇺🇿 Узбекистан11421514535
🇱🇻 Латвија703240176742

Климатските услови, помалите пасишта и културните навики го ограничуваат одржувањето на големи млечни стада.

Киргистан и Узбекистан се ретки исклучоци кои го надминуваат домашното производство на млечни производи користејќи пасишта на високи надморски височини.

Може ли САД да прозиведе храна сама?

САД се во средината на табелата, со свое производство во четири од седум групи храна — слично на Канада, двојно повеќе од Велика Британија (два групи).

Резултати по групи храна:

  • Овошје: 70%
  • Зеленчук: 61%
  • Мешунки: 1259%
  • Скробни житни култури: 188%
  • Месо: 717%
  • Риба: 43%
  • Млечни производи: 409%

Од аспект на обработлива земја, тоа го објаснува добриот резултат во мешунките, скробните житни култури, месото и млечните.

Исто така, како што објаснува статија на National Geographic, земјите може да имаат капацитет да произведуваат доволно храна, но увозот понекогаш е поевтин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни