Откопан гробот на Зоки Фаци

На социјалните мрежи се појавија фотографии кои покажуваат дека во текот на ноќта некој го откопал гробот на поранешниот водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.

Како што објави неговиот соработник Стефан Лазаров, откопувањето на гробот било откриено од семејството на Василевски и дека тоа било пријавено во полиција и дека се надеваат оти во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите.

„Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота“ напиша Лазаров на социјалните мрежи.

Зоран Василевски почина во ноември минатата година по боледување од канцер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни