Податоците на на сервисот за следење летови FlightAware покажуваат дека заклучно со 11:22 часот биле откажани 1.673 летови, а речиси 3.000 биле одложени.
Најпогодени се летовите на авиокомпаниите „Саутвест Ерлајнс“ (речиси 300) и „Американ Ерлајнс“ (176).
As of noon, airline operations today have been limited. Snow continues to fall, part of our biggest snowstorm in years.
— BWI Marshall Airport (@BWI_Airport) January 6, 2025
Please confirm flight status with your airline prior to heading to the airport. pic.twitter.com/4DkaFWrBor
Превозниците, вклучувајќи ги „Саутвест Ерлајнс“, „Американ Ерлајнс“, „Јунајтед Ерлајнс“ и „Делта Ерлајнс“, издадоа препораки за патниците со предупредување за влијанието на снежната врнежи и можните откажувања или промени на летовите.
Федералната управа за цивилна авијација предупреди дека силните ветрови, снежните наноси и мраз на некои места може да го спречат патувањо во североисточниот и средноатлантскиот регион. Властите во многу држави синоќа предупредија за зимската циклонска бура која, според прогнозите, ќе создаде пречки за сообраќајот.