Концерти:
- Регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ ги одложи трите концерти во Скопје, првично закажани за 18, 19 и 21 март. Чолиќ изрази длабоко сочувство со жртвите и нивните семејства.
- Концертот на Кирил Џајковски, кој требаше да се одржи на 6 април е одложен за 15 јуни. Организаторите ќе објават дополнителни информации за новиот датум и можностите за рефундирање на билетите.
- Настапот на Gipsy Kings,кој беше планиран за 22 март, е исто така одложен. Купувачите на билети ќе бидат контактирани од страна на организаторите за понатамошни чекори.
- Музичкиот настан „Глумците пеат“, закажан за 8 април е откажан.
- Концертите на Слаткаристика и Тони Зен се одложени. Организаторите ќе објават нови датуми и информации за билетите во наредниот период.
- Театарски претстави:
- Македонскиот народен театар (МНТ) ги откажа сите изведби од 17 до 22 март како знак на почит кон настраданите и нивните семејства.
- Драмски театар Скопје ги откажа претставите за време на деновите на жалост. За купените билети, театарот нуди:
- Замена за истата или друга претстава по избор, со дополнителен бесплатен билет.
- Рефундирање на средствата со приложување на купениот билет на билетарницата.
- Милорад Цајиќ – Цајо, организатор на ретро журката „Forever Young“, предложи средствата од купените влезници да се донираат на Црвениот крст на Македонија за семејствата на починатите и настраданите од дискотеката во Кочани.
- Дополнително, сите културни и спортски манифестации закажани за деновите на национална жалост се откажани.
Организаторите на овие настани апелираат за разбирање и сочувство во овие тешки моменти за земјата. Дополнителни информации за новите датуми и процедурите за рефундирање ќе бидат објавени во наредниот период.