Повеќе од 1.100 летови преусмерени – судирите на Блискиот Исток го парализираат воздушниот сообраќај

Ер Франс, KLM, Луфтханза, Туркиш ерлајнс, Визер – голем број авиокомпании ги откажаа или преусмерија летовите кон Залив, Израел, Јордан и Ирак. Откажани и летовите Белград–Дубаи и Белград–Доха.

Откако американско-израелскиот напад на Иран го затвори воздушниот простор на Иран, Израел, Ирак, Сирија и неколку соседни земји, ефектот врз глобалното летање е веднаш видлив. Над 1.100 летови се погодени, а авиокомпаниите брзаат да пренасочат рути или целосно да ги откажат полетувањата.

Кои компании се откажаа

Меѓу компаниите кои привремено ги суспендираа или откажаа летовите кон засегнатите дестинации се Ерјафранс, KLM, Бритиш Ервејс, Луфтханза, Лот, Иберија, Егеан, Туркиш Ерлајнс, Катар Ервејс и Визер. Дестинациите кои се засегнати вклучуваат Катар, Кувајт, Либан, Сирија, Ирак, Иран, Јордан, Дубаи и Израел.

Откажани се и денешните летови на релациите Белград–Дубаи и Белград–Доха.

Алтернативни рути

Дел од воздушниот сообраќај се очекува да биде преусмерен преку Саудиска Арабија, Египет, Кипар, Турција и југоисточна Европа. Со тоа е можно благо зголемување на транзитниот сообраќај и преку воздушниот простор на Македонија.

Исто така откажани се и спортски настани

Иранските напади врз Емиратите имаа и спортски реперкусии — Евролигиниот турнир за млади во Абу Даби е откажан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни