Легендарната Кети Бејтс беше номинирана за Златниот глобус во категоријата најдобра глумица во драмската ТВ серија. Но, откако беше објавено дека не ја добила наградата, пред камерите го искина подготвениот говор.
Кети беше во конкуренција за оваа престижна награда благодарение на својата улога во серијата Матлок. За време на прогласувањето на победницата, камерата ги снимаше сите шест номинирани глумици. Кога беше објавено дека наградата ја добила Ени Саваи за улогата во серијата Шогун, колешките ѝ аплаудираа, вклучувајќи ја и Кети.
Веднаш потоа, камерата го забележа моментот кога Бејтс го распарча својот говор, што предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Снимката брзо стана вирална и донесе насмевки кај многумина.