Во тужбата за сексуален напад поднесена против Диди од музичкиот продуцент Родни Лил Род Џонс, судијата ги отфрли повеќето од обвинувањата против 55-годишниот музички магнат.
Според судските документи до кои дојде ТМЗ, судијата отфрлил пет од деветте обвиненија на Родни против Диди, кој неодамна донел збунувачка одлука да соработува со Канје Вест.
Меѓу отфрлените обвиненија беа тврдењата за прекршување на Законот за РИКО (кој дозволува прислушување, заштита на осудениците и континуирана потера по организирани криминални групи), емоционална вознемиреност и прекршување на договорот. Диди жестоко ги отфрли сите наводи од неодамна поднесените тужби, како и сите федерални обвиненија против него минатата година.
„Лил Род не е ништо повеќе од лажго кој поднел тужба од 30 милијарди долари во очајнички обид да дојде до пари“, изјави претходно за медиумите адвокатот на Диди.
Една од тужбите на Лил Род беше насочена и против компанијата Combs Global, која тој ја обвини дека го прекршила Законот за заштита на жртвите од трговија со луѓе, но судијата го отфрли и тоа обвинение.
Иако тужбата на Лил Род против Диди сè уште трае, се чини дека е на несигурна основа откако судијата жестоко го критикуваше неговиот адвокат. Имено, правниот застапник на Лил Род, Тајрон А. Блекбурн, беше повикан во судницата поради наводни несоодветни правни поднесоци.
Судијата, исто така, истакна дека Блекбурн се однесувал како на Диди да не му се гарантира презумпција на невиност во федерален случај во кој бил обвинет за трговија со луѓе, рекетирање и други злосторства.
Во февруари 2024 година, Лил Род го тужеше Диди за наводно несоодветно допирање и можно силување со дроги, тужба поднесена само неколку недели пред федералните агенти да упаднат во два од домовите на Комбс како дел од истрагата за трговија со луѓе.
Сепак, правниот тим на Комбс се обиде да го дискредитира Лил Род откривајќи го неговото минато со правосудниот систем. Адвокатите тогаш истакнаа дека Лил Род бил осуден за ненамерно убиство во 2003 година и дека бил обвинет за напад, иако тие обвиненија подоцна биле отфрлени.