Освежете го имиџот со фризурата на Шарлот од „Сексот и градот“, сега е хит

Култната серија „Сексот и градот“ е вечен извор на инспирација, а за тоа е доказ и фризурата на Шарлот Јорк, која ќе биде хит оваа пролет, 2025 година

Отсекогаш модата била тесно поврзана со поп културата, бидејќи дизајнерите и стилистите постојано црпат инспирација од популарните филмови и серии, ги извлекуваат старите и смислуваат нови интерпретации за изгледот. Трендовите често произлегуваат од она што го гледаме овде и сега.

Сепак, има проекти кои немаат „рок на траење“ и кои постојано служат како инспирација. Еден од нив е, несомнено, „Сексот и градот“. Оригиналниот проект заврши во 2004 година, но ликовите од оваа серија продолжуваат да служат како глобална модна инспирација. Ако минатата година секоја модна икона сакаше да ги добие неуредните локни на Кери Бредшо, на почетокот на 2025 година водечката позиција ја зазеде елегантната фризура на Шарлот Јорк. 

Еве зошто ова е најдобриот избор оваа сезона.

Денес, модните трендови повторно се свртуваат кон максимална женственост. Лелеави фустани, струкирани модели, проѕирни материјали и високи потпетици – овие трендови сигурно нема да ја напуштат сцената во наредните сезони. Овој тренд не ги заобиколи ниту трендовите за убавина: шминката „без шминка“ е заменета со црвени усни, а неуредните бохо кадрици им отстапија место на елегантните фризури во стилот на 80-тите. Со еден збор, време е на Шарлот Јорк: од сите ликови во серијата, нејзиниот стил најдобро би одговарал на актуелните трендови. Значи, ако барате инспирација за да го освежите вашиот имиџ во моментов, „Фризурата на Шарлот“ е она што ви треба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни