Несреќата се случила околу 20:05 часот, по клучката „Камењане“, кога дошло до судир меѓу патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски таблички и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски таблички.
Поради незгодата, сообраќајот на овој патен правец бил отежнат и се одвивал по една коловозна лента, со пренасочување и регулирање од страна на полициски службеници.
Осумте повредени лица биле пренесени со возила на Итната медицинска помош во Клиничкиот центар во Тетово, каде им е укажана лекарска помош.
Од СВР Тетово информираат дека увидот на местото на несреќата е извршен, а се преземаат мерки за утврдување на причините и околностите под кои дошло до судирот.
