Вчерашниот воз кој обраќа од Скоје за Битола, а тргнува во дваесет часот и пет минути пристигна во Битола после три часот наутро!
Железничкиот сообраќај кој што е сеуште најефтин во државата со карта помалку од 300 денари во правец Скопје-Битола, вчера вечер ги остави граѓаните на неколку километри пред станицата Рајко Жинзифов да чекаат повеќе од 2 часа под изговор дека нема кој да ги помести свртниците на пругата, додека по еден час седење со отворени врати на студот изговорот беше дека возот се расипал.
Патниците кои 8 часа патуваа од Скопје за Битола беа на возраст од 18 до над 70 години.
Една од повозрасните патнички ваквото доживување го сумира на следниот начин „За оние кои се запознаени со железниците во Македонија, ова патување не е само да се стигне од точката А до точката Б – тоа е вежба за издржливост и слика на запоставената инфраструктура на земјата“.
„Можевме побрзо пешки да стигневме до Битола“ изјава од студент кој патуваше во возот.
Воедно автобусите нудат побрза алтернатива, завршувајќи ја релацијата Скопје-Битола за околу три часа. Сепак, за многу патници, возот останува поприфатлива опција – студентите, пензионерите и сите кои не можат да одделат повеќе средства за патување, а сепак имаат потреба д завршат обврски во главниот град – здравствени и административни кои не можат да ги завршат во нивното матично место на живеење.