Осум скијачи спасени по лавина на австрискиот глечер Штубаи

Осум скијачи беа чудесно спасени живи по лавина што денеска ги затрупа на глечерот Штубаи во Тиролските Алпи во Австрија.

Инцидентот се случил во четвртокот, кога групата од пет мажи и три жени скијале надвор од обележаните патеки, при што самите ја активирале лавината.

Четворица од скијачите се полесно повредени, од кои двајца со хеликоптер биле пренесени во болница. Останатите шестмина поминале без посериозни повреди.

Спасувањето било масовна акција во која учествувале над 250 припадници на планинската служба за спасување, специјализирани тимови со лавински кучиња и неколку хеликоптери. Спасувачките екипи успеале да ги лоцираат сите затрупани до попладневните часови, а според властите, навремената реакција и користењето на лавински воздушни перничиња кај дел од скијачите придонеле за позитивниот исход.

Лавината се случила во преминот Дауншарте, познат како ризично подрачје надвор од безбедните скијачки траси. Според првичните информации, несреќата била предизвикана во моментот кога групата ја преминувала стрмнината на која имало значителни наслаги снег.

Скијачи доаѓале од Германија, Бугарија и Австрија. Иако инцидентот заврши без човечки жртви, австриските власти повторно предупредија дека скијањето надвор од обележаните патеки носи сериозни ризици, особено во услови на нестабилна снежна покривка.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни