Трагедијата во Барајево:

Осум лица загинаа во пожар во дом за стари лица

Пожарот е изгасен, а во гасењето учествувал голем број на пожарникари и пожарникарски возила.

Во страшен пожар во домот за стари лица во Барајево до сега загинаа осум лица, пренесува RTS.

Министерот за ресорни прашања, Немања Старовиќ, изјави дека, според првичните податоци, постојат индиции дека пожарот е подметнат. Како што додаде, Домот за стари „Ивановиќ“ имал важечка лиценца и сите потребни противпожарни услови.

Тој истакна дека е обезбеден итен сместувачки простор за евакуираните. Старовиќ изрази сочувство за семејствата на загинатите.

Пожарот е изгасен, а во гасењето учествувал голем број на пожарникари и пожарникарски возила.

Докторката Виолета Николиќ од Заводот за итна медицина изјави за RTS дека примиле повик од пожарникарите дека избувнал пожар во домот за стари лица во Велики Брок, во Барајево.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни