Осум лица уапсени во Србија поради детска порнографија

При претресите на становите и други простории на сите осомничени, на електронските уреди биле пронајдени фото и видео-материјали

Во акцијата „Армагедон“ уапсени се осум лица поради поседување порнографски материјали и искористување малолетници за порнографија и полово вознемирување.

Осомничените С. Ј. (24), А. Ѓ. (33), Е. Б. (40), Л. Т. (26), М. И. (32), М. Б. (64), В. С. (43) и државјанинот на Руската Федерација А. А. (41), во подолг временски период, преку интернет преземале, чувале и споделувале содржини настанати со искористување деца за порнографски цели, соопштија надлежните.

Како што се наведува, А. Ѓ., Л. Т. и М. И. преку социјални мрежи и апликации креирале лажни профили, претставувајќи се како девојчиња на возраст од 12 и 13 години, по што стапувале во контакт со оштетени малолетни лица, од кои барале и добивале фотографии и видео-материјали со сексуална содржина, на кои се прикажани самите малолетници.

При претресите на становите и други простории на сите осомничени, на електронските уреди биле пронајдени фото и видео-материјали настанати со искористување деца и малолетни лица за порнографски цели, информира Министерството за внатрешни работи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни