Островот што го обожаваат Балканците се ,,врти” кон одржлив и луксузен туризам

Бројот на туристи на Крф расте, но се менува и профилот на посетителите – сè повеќе луксузни хотели и ексклузивни објекти привлекуваат богати патници од цела Европа. Островот стратешки се свртува кон одржлив туризам.

Сино море, сонце, богата култура и историја… Ова се само некои од причините зошто Крф е високо рангиран на листата на најпопуларни туристички дестинации.

Благодарение на ова, бројот на туристи на овој грчки остров постојано расте во последните години.

Само во 2024 година, бројот на посетители се зголемил за 7 проценти, со што Крф бил домаќин на речиси 2 милиони туристи. Во исто време, бројот на меѓународни пристигнувања со авиони се зголемил за 32 проценти во споредба со 2019 година, додека пристигнувањата со ферибот скокнале за 31 процент.

Исто така, според информациите од веб-страницата Nikana.gr, Крф е меѓу најпопуларните дестинации за туристите од Србија. Овој грчки остров е познат по својата богата историја, прекрасни плажи и културни атракции, што го прави привлечна дестинација за српските посетители.

Покрај сè што е вредно што го нуди, клучни се и пристојните цени за сместување и превоз „за сечиј џеб“, како и евтините авионски билети до овој остров.

Крф го менува туристичкиот правец – помалку гужви, повеќе луксуз


симболите како што е познатиот „Остров на глувците“ се сè уште главните атракции што годишно привлекуваат голем број странски туристи, локалните власти одлучија да ја променат својата стратегија за развој.

Имено, нивната цел е одржлив туризам и привлекување туристи што трошат повеќе.

Отворањето кон нови пазари игра важна улога во тој процес.

Повеќето туристи на Крф доаѓаат од Велика Британија, по што следат Германија, Италија, Полска и Франција. Овие земји сочинуваат 75 проценти од вкупниот број туристи на островот.

Според новата стратегија, Крф сака да стане магнет за туристи од целиот свет кои бараат луксузен одмор на место богато со природни убавини, плажи и уникатни атракции.

Директни летови и луксузни хотели – мамка за богатите патници

Директните летови се голема предност, а на Крф моментално има 33 петзвездени хотели, како и голем број ексклузивни „бутички“ хотели кои се прилагодени на попребирлива клиентела.

Туроператорите сè повеќе инвестираат во луксузен смештај, следејќи ја политиката на островот да се дистанцира од масовниот туризам и да се сврти кон гости со поголема потрошувачка моќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни