Островот на кој живеат најголемите гуштери во светот: Тежат до 135 килограми

Во Националниот парк Комодо, кој се наоѓа во Индонезија, посебно внимание привлекуваат неговите најпознати „жители“ – огромните гуштери кои поради застрашувачкиот изглед и силата често ги нарекуваат островски змејови, а познати се и како Комодо змејови.

Оние кои го посетиле ќе се согласат дека Националниот парк Комодо е еден од најубавите во светот. Ова чудо на природата се наоѓа во централниот дел на индонезискиот архипелаг, кој има повеќе од 17 илјади острови.

Националниот парк се протега помеѓу островите Сумбава и Флорес и се состои од три големи острови (Ринча, Комодо и Падар) и бројни острови со вулканско потекло. Од тревни-шумски савани до тропски листопадни (монсунски) шуми, сува вегетација и песочни плажи и подземни корали, овој регион е исполнет со разновидност.

Почесни жители на паркот се џиновските комодо гуштери (Varanus komodoensis), кои не можат да се најдат никаде на друго место во светот. Поради нивното агресивно однесување, комодо гуштери често се нарекуваат „змејови“, а особено им го привлекоа вниманието на научниците кои ја проучуваат нивната еволуција. Најголемите гуштери на планетата растат до три метри во должина и тежат околу 135 килограми.

Иако се заштитени, многумина ги сакаат како домашни миленици, што дополнително го загрозува нивниот број. Шверцерите ги продаваат на црно по цена од околу 35.000 евра. Поради честите кражби и исчезнувањето на овој вид, индонезиските власти разгледуваат начини да ги зачуваат змејовите, вклучително и забрана за туристи.

Покрај гуштери, во паркот живеат и ендемски стаорци, а силните морски струи привлекуваат морски желки, китови и делфини. Различни морски животни и шарени корали привлекуваат и нуркачи, кои мораат да бидат особено внимателни поради силните морски струи на некои места. Бату Болонг е една од најпознатите дестинации за нуркање која се споредува со експлозија на бои, форми и риби.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни