Остров на кој има шест пати повеќе мачки од луѓе и каде кучињата се забранети

Јапонскиот остров Таширојима, познат и како остров на мачките е вистинско царство на овие четириножни животни. Таму има шест пати повеќе мачки од луѓе.
Фото: i_am_adrie/Instagram

Во 1950тите години на островот живееле околу илјада луѓе, а денес тој број е десет пати помал – има околу стотина жители, најчесто постари. Но, за разлика од луѓето, популацијата на мачки не опаѓа.

Во 17 и 18 век, главната професија на островот била производство на свила поради што луѓето чувале мачки за да ги заштитат свилените буби од глувци и стаорци. Поради тоа се донесени на островот. Кога производството на свила запрело, жителите на островот почнале да заработуваат од плетење на рибарски мрежи, а мачките останале покрај нив.

Се верувало дека мачките носат среќа и дека доколку мачка ти го попречи патот ќе имаш среќа. Бојата на мачката тука не играла улога, па црните мачки на овој остров биле посреќни него на многу други места. За тоа се грижи и ветеринар, кој шест пати годишно ги прегледува сите мачки.

Мачките станале симбол на островот и слободно се шетаат по улиците. Тие уживаат во вниманието кое го добиваат од туристите кои се сликаат и си играат со нив. Сите мачки се мирни и разгалени, што доволно зборува за тоа колку се сакани.

Интересно е што на островот Таширојима забранети се кучиањата.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни