Остен Биенале на наградени автори во Струга

Во наредниот период, изложбата ќе биде организирана и во Скопје, за што јавноста дополнително ќе биде известена

Од 16 до 28 септември во хотел Бисер во Струга се одржува ОСТЕН БИЕНАЛЕ на наградени автори 2025, а на кое учествуваат: Роберт ДАНДАРОВ, Мице ЈАНКУЛОВСКИ, Јорго КСЕНОС (Грција), Ристо МИЈАКОВСКИ, Данчо ОРДЕВ, Новица ТРАЈКОВСКИ и Симон ШЕМОВ.

ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на НАГРАДЕНИ АВТОРИ е една од гланите активности на ОСТЕН АРТ – институција од областа на културата за музејска и галериска дејност, која се одржува во непарните години и се состаи од прогама за престој на уметници, изложба и доделување награди. Организаторот поканува наградени уметници на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје да творат заедно, да споделуваат идеи и да се дружат. На самиот крај на манифестацијата, се изложуваат креираните дела и уметниците добиваат награди: Гран при, Посебно Гран при и Награда Залтен Остен.

ОСТЕН, водејќи три светски манифестации (Светската галерија на карикатури, Биеналето на современи визуелни уметници и Биеналето на наградени автори), особено внимание обрнува на македонските уметници како дел од глобалната уметничка сцена. Оваа, јубилејна година, 80-години од основањето на ОСТЕН (1945-2025), поканети се шест македонски и еден уметник од Грција, а советот на ОСТЕН одлучи да бидат доделени едно ГРАН ПРИ и шест ПОСЕБНО ГРАН ПРИ.

Пошироката публика ќе може да ги види создадените дела во рамките на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2025 во хотел „Бисер“, Струга, на 27.9.2025 (сабота) од 15-18 ч., после што ќе бидат и доделени наградите на уметниците.

Во наредниот период, изложбата ќе биде организирана и во Скопје, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни