Остатоците од Американка која нуркала во Индонезија пронајдени во стомакот на ајкула

Американката Колин Монфо исчезнала на 26 септември во морето во Индонезија додека нуркала околу островот Пулуау Реонг, а нејзиното тело неколку дена подоцна го пронашол локален рибар во стомакот на ајкула.

Колин Монфо (68) тргнала да нурка, но никогаш не излегла на површина, бидејќи налетала на силна морска струја, пишува францускиот весник Фигаро.

Нејзините делови од телото биле откриени од локален рибар неколку дена подоцна, во стомакот на ајкула, на 120 километри од островот Пулуау Реонг, каде Монфо отишла да нурка.

„Мислев дека ајкулата проголтала пластика или рибарска мрежа“, рекол рибарот, потврдувајќи дека подоцна сфатил дека во стомакот на рибата се наоѓаат остатоци од жена.

Монфо била на одмор со својот сопруг Мајк кога се случила трагедијата и била прогласена за мртва по страшното откритие.

Сопругот на Колин Монфо, Мајкл, вели дека не би сакала да знае дека „поради неа умрела ајкула“ и дека нејзината смрт придонела за лошата репутација на овие морски предатори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни