Основачот на „Манго“, Андик загина во планинарска несреќа

Основачот на модната куќа Манго Исак Андик (71) загина во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори од компанијата.

Тој се лизнал и паднал во провалија од висина од 150 метри за време на излет во пештерите Колбато во околината на Барселона со сопругата и синот, објави шпанската ТВ мрежа Ртве.

Андик починал на лице место, а на локацијата каде што се случила несреќата биле испратени хеликоптер и единица на планинска спасувачка служба која е задолжена за извлекување на неговото тело.

Исак Андик е роден во 1953 година во Истанбул во сефардско еврејско семејство, а во 1969 година се преселил во Барселона. Заедно со неговиот брат Нахман, тој го основал Манго во 1984 година, кој прерасна во глобален моден бренд со повеќе од 2.700 продавници во повеќе од 110 земји.

Претседателот на каталонската влада, Салвадор Ила, го истакна неговиот придонес во каталонската економија и модната индустрија, изразувајќи сочувство до семејството и тимот на Манго. Извршниот директор на компанијата, Тони Руиз, рече дека Андик е инспиративен лидер чија визија и посветеност ќе останат запаметени.

Богатството на Андик беше проценето на 4,5 милијарди евра, што го прави еден од најбогатите жители на Шпанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни