Основачот на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос го доби Медалот на слободата

Основачот на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос, го добива Медалот на слободата, највисоката цивилна чест во САД. Претседателот на Фондацијата, неговиот син, Алекс Сорос, на церемонија во Белата куќа ќе го прими Медалот на слободата. Со ова високо одлидкување, претседателот на САД Џо Бајден му оддава признание на Џорџ Сорос за неговата доживотна посветеност за унапредување на поправичните општества и промовирање на различностите.

Фондацијата „Отворено општество“ на својата фб страница напиша:

„Му честитаме на нашиот основач, Џорџ Сорос, што му беше доделен Претседателскиот медал на слободата, највисоката цивилна чест во Соединетите Држави. Претседателот Бајден му оддава признание на Сорос за неговата доживотна посветеност за унапредување на поправедните општества и промовирање на човековите права низ светот.
Ја преживеа окупираната Унгарија од нацистите, а потоа и комунистичката репресија, Сорос со повеќе од 32 милијарди долари придонесе за унапредување на слободата и правдата на луѓето низ светот. Почнувајќи во 1979 година со стипендии за јужноафриканските студенти под апартхејд, тој беше пионер на нов модел на филантропија фокусирана на директна соработка со локалните заедници. Предвидувајќи го падот на комунизмот, тој ја основа својата прва фондација во Унгарија и ги прошири напорите за поддршка на демократските реформи низ Источна Европа. Во текот на следната деценија, неговите фондации се зголемија за да работат во повеќе од 100 земји за промовирање на човековите права и правдата. Во Соединетите Држави, Сорос ја унапреди расната правда, ја поддржа реформата на политиката за дроги заснована на јавното здравје, ја револуционизира грижата за крајот на животот и одигра клучна улога во обезбедувањето брачна еднаквост на национално ниво – една од најзначајните победи на граѓанските права во модерната Америка историја“, пишува во честитката на Фондацијата Отворено Општество.

Белата куќа објави дека победниците исклучиво придонеле за просперитетот, вредностите и безбедноста на Соединетите држави и светскиот мир, или за други значајни општествени, јавни или приватни потфати.

Освен Џорџ Сорос, меѓу 19. познати личности од различни области на кои им е доделен Претседателскиот медал на слободтата, како највисока цивилна чест во САД, се и Хилари Клинтон, актерот и режисер Дензел Вашингтон.

Постхумно се доделени четири медали. Меѓу нив се Фани Лу Хамер, која ја основаше Демократската партија за слобода во Мисисипи и ги постави темелите за Законот за правата на глас од 1965 година, поранешниот секретар за правда Роберт Ф. Кенеди, Џорџ Ромни кој беше гувернер на Мичиген и служеше како секретар за домување и урбан развој Еш Картер, поранешен секретар за одбрана.

Меѓу филантропите кои ја добиваат наградата се шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес, чија добротворна организација World Central Kitchen стана една од најпознатите добротворни организации во светот, и Боно, фронтмен на рок групата U2 и активист за социјална правда.

Меѓу ѕвездите од светот на спортот и забавата, фудбалерот Лионел Меси, кошаркарската легенда на Лос Анџелес Лејкерс и бизнисменот Ервин „Меџик“ Џонсон, актерот Мајкл Џеј Фокс кој се залага за истражување на третманот на Паркинсоновата болест и научникот Вилијам Санфрод Нај беа доделени.

Други добитници се конзерваторите Џејн Гудал, долгогодишната главна уредничка на „Вог“ Ана Винтур, американскиот моден дизајнер Ралф Лорен, основачот на Американскиот филмски институт Џорџ Стивен Џуниор, претприемачот и ЛГБТК+ активист Тим ​​Гил и ко-основачот на глобалната инвестициска компанија „Карлајл груп“. Дејвид Рубенштајн.

И минатата година Бајден додели 19 Претседателски медали на слободата, а меѓу добитниците беа Медгар Еверс, Ненси Пелоси, Џејмс Клабер и актерката Мишел Јео.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни