Осмото издание на „Drim Short“ посветено на „Бесконечната слобода“

Осмото издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“ ќе се одржи од 8 до 11 август во Струга под мотото „Бесконечна слобода“. Организаторите велат дека оваа година фестивалот е за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат.

„Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата“ велат организаторите на „Drim Short 2024“.

Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска, поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат три кратки филмови во специфичен формат.

Во едукативниот дел од фестивалот се планирани два мастеркласа со Ено Милкани и Иван Бакрач, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот. 

Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека за затворањето е задолжена групата Искра, која со себе носи информации од иднината

Целосната програма и саатница е достапна на социјалните мрежи и веб-страницата на Дрим Шорт. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни