Осмомартовскиот марш започна со една минута молк за сите жени кои не се со нас, затоа што системот не ги заштити.
Пред почетокот на маршот беа упатени пораки до јавноста и институциите за потребата од посилна борба против насилството врз жените, економската нееднаквост и системската дискриминација.
“Сакам да живеам во земја во која месецот Март навистина ќе ме асоцира на цвеќе, наместо на смрт. Би сакала да живеам во земја која нема да ме тера да му слугувам на домот, и токму во тој дом да ми пресуди некој маж – зошто токму таа земја го научила дека мојот живот е во негова сопственост и дека има право и слобода да ми го одземе” , порача една од говорничките.
“Треба да им се извините на сите жени кои живеат во постојан стра и стрес, бидејќи поради вашата негрижаникаде не сме безбедни ниту дома, ниту по улици,ниту по институции, а најмалку во полициски станици”, додаде таа.
По обраќањата, учесниците на маршот се упатија кон Градскиот парк, каде што кај бистата на Вера Јоциќ е предвидена завршната точка на маршот, со завршен говор и отворен микрофон. Маршот се одржува во чест на борбата за женските права и историската традиција на Осми март, ден кој симболизира солидарност и отпор во борбата за еднаквост и достоинствен живот.



