Во организација на повеќе иницијативи и здруженија, денеска од 12.00 часот од паркот Жена борец ќе започне традиционалниот Осмомартовски марш.
Од организаторите пред почетокот на маршот излегоа со препораки за однесување на сите присутни на маршот.
„Маршот е чисто граѓански протест против системското долгогодишно бришење на жените и на него имаат право да се приклучат сите граѓани и граѓанки. Почитувајте ги инструкциите на редарите. Забранети се партиски и институционални обележја, протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира. Избегнувајте провокации и не реагирајте на таквите обиди“ се наведува во препораките за однесување.
Одборот на Осмомартовскиот марш ги повика учесниците со себе да понесат цвечќе кое ќе биде оставено на постаментот каде што беше бистатана Вера Јоциќ во Градскиот парк.
Таму, впрочем и ќе заврши маршот со говори на организаторите но и на секој од пристуните кој има желба да се обрати.