Фестивалот, создаден како одговор на незадоволството од музичката понуда во градот, се истакнува со својот алтернативен пристап и искрената посветеност кон заедницата. Настанот ќе го отвори резидентниот диџеј Жолтиман, а годинава со гордост се најавуваат и настапи од два нови бенда – БИК и Малери – кои иако на почеток на својата кариера, звучат како искусни музичари. Љубителите на рапот ќе уживаат во настапите на Максимус Вандал и Спаски, кои ја бранат честa на скопскиот рап.
На сцената ќе се појават и ветераните на скопската панк сцена Њу Полис Стејт со кус, енергичен концерт, додека на крајот на вечерта ќе настапи познатиот прилепски емси Дре заедно со Неле Ски, кој ќе го претстави својот најнов проект.
Билетите ќе бидат достапни на вратата по цена од 200 денари, а присутните ќе имаат можност да учествуваат во донацијата за Грицко, традиција која се одржува третa година по ред. Оваа вечер на алтернативна музика и братска дружба ќе биде можност за прослава на слободата на градот и поддршка на локалната сцена.