Судот во Истанбул издаде наредба за ослободување на 102 од приведените демонстранти, кои изминатите недели протестираа во Истанбул, а на уште 25 лица им е укинат куќниот притвор.
Поголемиот број од ослободените се млади луѓе, меѓу кои има и членови на опозициската Републиканската народна партија (ЦХП)
Масовните протести во Истанбул беа предизвикани од приведувањето на поранешниот градоначалник на градот, Екрем Имамоглу, на 19 март, а демонстрациите резултираа со судири помеѓу полицијата и демонстрантите. Во исто време, во Истанбул, Анкара и Измир беше воведена забрана за собири и демонстрации, што не ги спречи луѓето да излезат на улица.
Неодамна, главниот обвинител на Истанбул побара затворска казна до три години за повеќе од 100 од приведените демонстранти поради кршење на забраната за собири.