Ослабел 163 килограми без да го стесни желудникот

Кол Прохаска е 39 годишен маж кој уште од дете бил крупен и буцкаст. Како што растел, станувал сè потежок и поголем. Во еден момент застанал на вагата и таа покажала максимални 265 килограми, па ова очајно момче се посомневало дека има многу повеќе. Здравствените проблеми и раскинувањето на седумгодишната врска го натерале да се преиспита.

Пред две години решил да ослабе. После две години интензивни тренинзи ослабел 163 килограми, и сето тоа без апчиња за слабеење и операција на желудникот.

Иако успеал да го реши проблемот со вишокот килограми, Кол сега има проблем со вишокот кожа која виси на неговото тело. Се чувствува заробено, па кога ќе ја соблече маицата, се ужаснува кога ќе ја види опуштената кожа што виси. Опуштената кожа на нозете му прави проблем кога трча.

Сега тој собира пари за отстранување на вишокот кожа, па решил да се фотографира без маица и да им го покаже на луѓето својот проблем со надеж дека некој ќе сака да му помогне.

Кол смета дека постојаното прејадување со висококалорична храна и постојаното седење го довеле до таа состојба. Дневно внесувал и по 5.000 калории, а обидите за слабеење најчесто завршувале безуспешно.

„Вежбањето беше невозможно бидејќи веднаш ќе останував без здив. Се чувствував прилично лошо. Се обидував својата емотивна празнина да ја затрпам со храна, и колку бев понесреќен, толку повеќе јадев. Бев ужасно осамен. Кога имате толку килограми како мене, не ви се оди никаде, не сакате да размислувате што ќе облечете или дали ќе можете да седнете на стол“, раскажал тој.

Пресудно за да ги промени претходните навики било раскинувањето на седумгодишната врска, но и здравствените проблеми.

„Знаев дека мојата девојка ја изгуби почитта кон мене бидејќи бев многу дебел и не правев ништо за себе. Немав цел во животот, само јадев, а нејзе тоа и здодеа. Не успеав да ја спасам врската, но се спасив себеси“, открива Кол.

Кога решил да ослабе, прво се натерал себеси да пешачи повеќе.

„Отпрвин пешачев само неколку блока, а потоа секој ден по малку го зголемував растојанието. Ги исфрлив тестенините, слатките, чипсот и соковите, и почнав да бројам калории. Нездравата храна ја заменив со здрава храна и почнав со протеинска диета“, изјавил Кол.

Кога стекнал малку сила и кондиција, почнал да вежба во сала.

Кол неодамна првпат летал со авион, од К=Јуна Каролина, каде што живее, заминал во Лос Анџелес, за лично да го запознае естетскиот хирург со кој се поврзал преку социјалните мрежи.

Станува збор за комплицирана естетска операција која подразбира повеќе процедури за обликување на телото.

Во период од две години потребно е да му бидат направени три до пет операции за сè да дојде да свое место.

Како што нагласува, своите фотографии ги објавил на Инстаграм со цел да ги инспирира другите гојазни луѓе да се обидат да ослабат и да се изборат за себе и сопственото здравје.

Извор: espreso.co.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни