Во ноќта помеѓу недела и понеделник, на 2 март, во Лос Анџелес ќе се одржи доделувањето на Оскарите, престижната филмска награда која постои скоро 100 години и која низ историјата доживеала бројни успеси, падови и политички контроверзии.
Историјата на Оскарите
Најпознатата филмска манифестација, има свој почеток кој датира од 1927 година, кога на 11 мај во американската држава Калифорнија беше основана непрофитната, професионална организација позната како Академија на филмски уметности и науки, која е одговорна за создавањето на наградата која денес се доделува на најдобрите професионалци во филмската индустрија позната како Оскар.
Првото доделување на Оскари
Првата церемонија на доделување на Оскарите се одржа на 16 мај 1929 година во холивудскиот хотел Рузвелт, а домаќини беа актерот Даглас Фербенкс и режисерот Вилијам де Мил. Првиот најдобар филм што ја доби златната статуетка беше филмот “Крила” (Wings), со Клара Бо во главната улога и тое е еден од ретките неми филмови кој ја освоил оваа престижна награда.
Како го доби Оскар своето име?
Постојат неколку верзии за тоа како Оскар го добил своето име. Според официјалната верзија, таа која ја потврдува и Академијата, е дека кога Маргарет Херик, извршниот секретар на Академијата, го видела првиот Оскар во 1929 година, го споредила со нејзиниот чичко Оскар.
Церемонијата на доделување во Лос Анџелес
Церемонијата на доделување на Оскарите секогаш се одржувала во Лос Анџелес, а единствено што се менувало е местото на одржување. До 1942 година церемонијата се одржувала во хотел Рузвелт, а потоа, кога бројот на заинтересираните за манифестацијата започнал да расте, преминала во театрите.
Животот на Оскарите во бои и телевизија
Интересот за церемонијата од секогаш бил голем, но првото телевизиско пренесување се случило во 1953 година, а првиот директен пренос во боја бил во 1966 година.
Манифестацијата низ години на војни
Во 96 години постоење на Оскарите, церемониите се одржувале редовно, без оглед на политичките околности и светските војни, а единствено што се случувало се промени на датумот на доделување поради поплави, војни и други трагедии.
Марлон Брандо одбил да го прими Оскарот
Не секој актер бил толку луд по Оскарите. Некои, како Гореџ С. Скот и Марлон Брандо, одбиле да го примат Оскарот како протест против различни општествени неправди.
Интересни факти за Оскарите
Позлатената статуетка на Оскар е тешка 3,89 килограми, а најмладата добитничка на Оскар била Ширли Темпл, која го добила во 1934 година на 5 години. Најмногу Оскари има филмот “Господар на прстените: Враќање на кралот” (2003).
Оваа година на Оскарите
Во категоријата за најдобар филм, “Анора” се издвојува како главен фаворит.