Можеби една од „најзачинетите“ шеги на Конан О’Брајан како водител на „Оскарите“ утрово, беше околу препукувањето меѓу поп-пејачите Дрејк и Кендрик Ламар.
„Така, дојдовме на средина од шоуто, што значи дека сега е време Кендрик Ламар да излезе тука и да го нарече Дрејк „педофил“… Не грижете се, адвокати стојат зад мене!“, рече О’Брајан низ смеење.
Алузијата беше на настапот на Ламар на полувремето на „Супербоул“ овој февруари, кога низ својот хит „Not Like Us“, раперот „му залепи“ етикета „Сертифициран педофил“ на својот колега. Кавгата меѓу музичките ѕвезди трае од лани, но се чини, кулминираше минатиот месец, објави „Варајети“ (Variety).
Дрејк поднесе и тужба против Ламар и неговата продуцентска куќа. Тој ги обвинува за клевета и тормозење, ширејќи „лажен и злонамерен наратив“ дека тој е некаков „педофил“, преку песната.