Оштетена амбасадата на Македонија при воздушен напад во Киев

Во денешниот руски напад врз Киев оштетени се амбасадите на Северна Македонија, на Албанија, на Аргентина, на Палестина, на Португалија и на Црна Гора, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихи.

– Денеска гранатирањето оштети неколку амбасади во Киев. Сите овие амбасади се сместени во една зграда, која претрпе значителна штета од ракетниот напад. Искршени се прозорци, врати и елементи од таванот, наведе Тихи.

Ти го осуди нападот на Русија врз дипломатските институции како „апсолутно варварски напад“.

– Во целиот свет, нападот врз дипломатските институции ги преминува сите црвени линии и е спротивно на општите меѓународни правила. Со овие напади врз дипломатските мисии, Русија го потврдува својот статус на апсолутен варвар, истакна Тихи.

При нападот нема повредни странски дипломати.

Во ракетирањето на Киев повредени се 12 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни