„Оро без граници“ во сабота на Школка

Како дел од културната понуда во градот во рамките на кандидатурата за Скопје – Европска престолнина на културата 2028, годинава, по 32-ри пат ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Фестивалот кој претставува симбол на пријателствoто меѓу децата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“. Централниот настан ќе се одржи на 16.09.2023 година на Школка во Градскиот парк, со почеток во 19 часот.

Фестивалот „Оро без граници“ своите почетоци ги бележи во 1991 година.

„Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл се домаќини на фестивалот. Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде што се формира најголемото оро, оро кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателството меѓу децата. „Оро без граници“ е празник на градот кој широко ги отвора вратите на Европа и на светот и е амбасадор на културата. Фестивалот придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и на културата и за промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје“, вели директорот на фестивалот д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни