Светот алармира поради Ормускиот теснец: свикан итен состанок во Лондон

Меѓународната поморска организација свикува вонредна седница поради заканите за поморскиот сообраќај во Ормускиот теснец.

Меѓународната поморска организација, специјализирана агенција на Обединетите нации, следната недела ќе одржи итна седница во Лондон за да ги разгледа заканите за поморскиот сообраќај на Блискиот Исток, особено во Ормускиот теснец.

Од организацијата соопштија дека состанокот се свикува по серија инциденти во регионот и поради наглиот раст на цените на енергенсите.

Вонредната седница, како што јавува Ал Џезира, ќе се одржи на 18 и 19 март во Лондон, на барање на шест од вкупно 40 членки на организацијата – Велика Британија, Египет, Франција, Мароко, Катар и Обединетите Арапски Емирати.

Разговорите се организираат поради растечката загриженост за безбедноста на поморскиот сообраќај во регионот на Блискиот Исток, особено по практичното затворање на Ормускиот теснец.

Оваа теснина е една од најважните светски рути за транспорт на нафта и гас, а актуелната ситуација веќе придонесе за нагло зголемување на цените на енергенсите на глобалните пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни