Орландо Блум не губи време ниту кога станува збор за нова љубовна врска. Сега откри какви квалитети бара кај својата идна сакана.
Откако Кејти Пери ја официјализираше својата врска со Џастин Трудо, нејзината поранешна љубов Орландо Блум реши да почне да бара нов партнер.
Во видео на TikTok за „People Gallery“, актерот одговори на незгодното прашање: „Дали би сакале партнер со стил или пари?“
Орландо успеа да „се извлече паметно“ и одговори на хумористичен начин.
„И двете“, се пошегува тој, а потоа додаде: „Морам да одберам само едно?“ Со тоа, јасно стави до знаење што му е важно во неговиот љубовен живот.
Тој сподели и неколку совети за сите што минуваат низ тежок љубовен период.
„Делувај, станувај, направи го тоа твоја рутина. Влези во своето тело, излези од својата глава. Ако си во својата глава, влези во своето тело и дејствувај и продолжи да создаваш“, заклучи тој.
Иако поранешните љубовници не го објавија раскинувањето, нивните постапки зборуваат многу. Блум тука вели дека поминува низ тежок период, но дека работејќи на себе успева да ги пренасочи своите мисли.
Од друга страна, Кети го издаде синглот „Bandaids“ кој наводно дава причини зошто нивната долгогодишна романса завршила.
