Ориганото потекнува од јужна Европа, но расте и во Азија, Северна Америка и Африка и е билка богата со хранливи и лековити својства, која може да ни даде многу повеќе од добар вкус на пица.
Тоа е познато по своите позитивни ефекти на дигестивниот систем, а помага и во ублажување на болките во стомакот, лошото варење, дијареа и гастритис.
Активните соединенија во ориганото стимулираат произведување на киселина која помага во варење на мастите и го подобрува целокупното варање на храната, пишува 24сата.хр
Ориганото содржи и моќни антимикробни соединенија како што се карвакрол и тимол, кои помагаа во борбата против бактериите, вирусите и габите. Ова својство го прави ориганото ефикасно за превенција и лечење на инвекции, вклучително и инфекции на респираторниот и дигестивниот тракт.
Тоа исто така е богато со антиоксиданси, вклучително и полифеноли и флавониди. Антиоксидансите имаат клучна улога во заштитата на клетките од оштетување, ги намалуваат воспаленијата и помагаат во спречувањето на хронични болести.
Редовната консумација на оригано може да помогне во зајакнување на имунитетот, а неговите антимикробни и антиинфламаторни својства му помагаат на телото да се бори против инфекции и болести, додека хранливите материи како витамин Ц и А ја поддржуваат имунолошката функција.
Ориганото традиционално се користи за ублажување на симптомите на респираторните боелсти, помага во намалување на кашлицата, го олеснува искашлувањето и смирува воспаление на респираторниот тракт.
Чајот од оригано или инхалација со масло од оригано може да бидат корисни за лицата со настинки, бронхитис или со воспалени синуси.
Користењето на оригано во секојдневната исхрана или како природен лек може да понуди низа здравствени предности, што го прави скапоцен додаток во куќната аптека и кујна.
Извор: 24сата