Ориент Експрес се враќа со целиот свој гламур

Фото: Orient Express, Accor

Возот Ориент Експрес, опишан од Агата Кристи, се уште во јавноста се поврзува со воз со легендарен гламур и мистерија. Токму таквиот луксуз ќе биде во центарот на вниманието при обидот за повторното воведување на Ориент Ескпрес.

Ориент Експрес всушност се појавувал неколку пати во различни изданија во текот на својата 140-годишна историја. Оригиналот не бил индивидуален воз, туку редовен превоз кој возел различни линии почнувајќи од 1883 година, првенствено од Париз до Истанбул.

Повеќе линии започнале да го користат тоа име за патувања низ Европа, а некои од нив и се уште го користат. Но, доколку патувањето со Ориент Експрес од Париз до Истанбул ви била желба, тогаш подобро е да почекате уште малку.

Управуван од брендот Ориент Експрес, дел од групацијата Accor Hospitality, во 2026 година ќе биде лансирана неверојатна преработка на оригиналните возови.

Фото: Orient Express, Accor

17 вагони, кои датираат од 1920тите и 1930тите години, познати како „Nostalgie-Istanbul-Orient-Express“ – се редизајнирани од познатиот француски архитект Максим д’Анжеак. Последните објави рендери од тоа како ќе изгледаат вагоните го покажуваат првото златно доба на железничкото патување во сиот негов раскош.

Без оглед на тоа каде ќе бидете сместени на Ориент Експрес, ќе ги сретнете неговите елегантни ходници, опишани како места за патувања, средби и изненадувања. Ентериерот дизајниран од Д’Анжеак е полн со изненадување и влијанија од литературата.

Фото: Orient Express, Accor

Уметнички наредени, зелените столчиња и сепареа обезбедуваат интимен простор за разговор или пиење коктели со стил. А прозорците се дизајнирани да бидат огромни, со цел да може да уживате во пејсажите низ Европа.

Трпезарискиот вагон може да се пофали со исто толку гламур, со класичен арт-деко изглед инспириран од самите возови.

Фото: Orient Express, Accor

Луксузниот воз за спиење не би бил комплетен без луксузно место за одмор на главата, а новите апартмани Ориент Експрес се како излезени од соништата, преградени со скапоцено дрво и ѕидови од кожа.

Преку ден, троседот и гарнитурата ве покануваат да се одморите, да се опуштите и да читате. Кога ќе дојде време за „големата трансформација“ во ноќта, ве чека кревет од 2 x 1,40 метри.

Фото: Orient Express, Accor

Наслоните се покриени со дрвен вез со бисер и бронзени мониста. Покриени со мермер, приватните бањи се кријат зад лизгачки врати.

И ако можете да си дозволите да го подигнете луксузот на сосема друго ниво, тука е Претседателскиот апартман: простор од 55 квадратни метри што зафаќа цел вагон на поранешниот Носталгија-Истанбул-Ориент Експрес, со сопствен приватен влез.

Првичниот план беше овој воз да започне да вози од 2025 година, но сепак сега планот е тој да се најде на шините во доцна 2026 година.

Останатите детали за патувањето, низ кои точно градови ќе поминува и која ќе биде цената не се уште познати.

Извор: Euro News
Преземено од Рацин.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни