Организаторите на Евровизија го откажаа гласањето за учеството на Израел по постигнатото примирје во Газа

Европската радиодифузна унија (EBU) соопшти дека го откажала планираното гласање за учеството на Израел на натпреварот за песна на Евровизија, кое требаше да се одржи во ноември.

Одлуката доаѓа по постигнатото примирје меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.

Австрискиот национален радиодифузер ОРФ, кој ќе биде домаќин на Евровизија 2026 година во Виена, ја поздрави одлуката на EBU. „Го поддржуваме секој чекор што ќе придонесе кон стабилност и соработка меѓу земјите учеснички,“ се наведува во соопштението на австрискиот организатор.

Австрија претходно апелираше до земјите учеснички да не го бојкотираат натпреварот, и покрај контроверзиите поврзани со израелското учество поради конфликтот во Газа.

EBU засега не појасни дали гласањето ќе се одржи во подоцнежен термин, но најави дека „дополнителни детали за состанокот ќе им бидат споделени на земјите-членки во следните недели“.

Следната Евровизија ќе се одржи во мај 2026 година во Виена, а исходот од прашањето за израелското учество би можел да има значително влијание врз бројот на земји што ќе настапат на натпреварот.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни