Унгарските медиуми пишуваат дека премиерот Виктор Орбан започнал нискокалорична диета и редовни вежби со гирја, топчести тегови, со цел да изгуби тежина. Тој вежбал 4-5 пати во текот на неделата со тегови од 16 и 24 килограми, без личен тренер.

Медиумите исто така пишуваат дека тој ги носи теговите дури и на неговите меѓународни службени патувања и дека вежба кога времето му дозволува при службените посети.
Минатата година, унгарскиот премиер беше кртикуван од најпопуларниот унгарски токсиколог, Габор Захер дека има вишок килограми.
„Наместо фит премиер, ние имаме дебел премиер, кој не остава добар пример за нацијата“ рече лекарот.