Орбан: Брисел се подготвува за војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, според него, во моментов не постои закана од воен конфликт.

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Ние остануваме на страната на мирот, а ако Европа започне војна, ние сигурно нема да учествуваме во неа“, порача Орбан на прес-конференција, пренесува МТИ.

„Се прават подготовки за подлабоко вклучување во конфликт“

Орбан истакна дека во моментот не постои непосредна закана за Европа и дека е многу малку веројатно „некој да нападне членка на НАТО“.


Според него, оние што се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да започнат „некој акт на војување“, додавајќи дека во моментов се спроведуваат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликт.

Тој нагласи дека унгарските граѓани немаат потреба да преземаат никакви посебни мерки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни