Негативните навики, како што се пушењето, алкохолот, нередовната исхрана, како и недостигот од сон, многу влијаат врз работата на мозокот и неговото здравје. Романскиот неврохирург Влад Циуреа советува како треба да се стимулира и одмори мозокот:
„Како неврохирург често гледам мака на лицата на моите пациенти. Нверохируршките интервенции ги плашат повеќе од самите проблеми. И тоа е нормално. Мозокот не е орган што можеме да го контролирате. Можеби не сте свесни, но и на мозокот му треба одмор и внимание“, тврди тој.
За време на празници или одмор, во искушение сме да си дозволиме премногу: јадеме премногу, пиеме премногу, седиме на компјутер до доцна во ноќта, многу пушиме, го злоупотребуваме кафето…
„Мозокот никогаш не спие, но постои начин да го одморите и стимулирате. Да, на мозокот му требаат позитивни поттици“, објаснува овој неврохирург и професор.
Влад препорачува да спиете без мобилен телефон во близина. Наутро би требало прво да погледнете во небото или едноставно да уживате во погледот низ прозорецот за да ги стимулирате вашите визуелни центри. Негова препорака е и да слушате музика што ви го подигнува расположението и да се напиете вода веднаш штом се разбудите.
Јадете умерено, бидејќи желудникот го преоптоварува мозокот. Пиењето црно вино исто така е препорачливо, бидејќи помага во чистењето на капиларните вени во мозокот, но не смеете да претерате, бидејќи алкохолот ги напаѓа нервните клетки.
Фото: pexels
Извор: index