Оптимизам на европските берзи поради можен политички договор во САД

Европските берзи бележат пораст откако Сенатот на САД усвои закон за финансирање на федералната влада, што ја приближува крајната разрешница на делумната суспензија на работата на владата.

Европските берзански индекси денеска главно бележат пораст, откако се појавија сигнали дека се приближува политички договор кој би можел да стави крај на делумната суспензија на работата на федералната влада во Соединетите Американски Држави.

Американскиот Сенат доцна вечерта во понеделник го усвои законот за финансирање на федералната влада до јануари, со поддршка на неколку демократски сенатори и речиси сите републиканци.

Очекувањата се дека Претставничкиот дом ќе го одобри законот во среда, пред да го испрати на потпис кај претседателот Доналд Трамп, јавува CNBC.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни