Општина Кисела Вода ќе го прочистува воздухот во парковите со надворешни прочистувачи

Се работи за моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки и кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот

Општина Кисела Вода постави пет најсовремени уреди за надворешно прочистување за воздух, со максимален проток на воздух од 16,625 м³/ч, кои обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот, информираат од општината.

Се работи за моќни и ефикасни уреди со тежина од 1000 кг и димензии 94 см x 94 см x 360 кои се долготрајни и мошне тивки и кои ќе бидат поставени во парковите и каде што има голема фрекфенција на луѓе и ќе го прочистуваат воздухот.

Од општината посочуваат дека станува збор за вредна донација од општествено одговорната компанија „Екотип“ со која Општина Кисела Вода склучила стратешко партнерство и започнала заедничка кампања за имплементирање на најсовремени иновативни еколошки решенија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни