Општина Центар финансиски ќе помага за поправка на покриви и на лифтови во згради

Со финансиска поддршка од Општина Центар, граѓаните ќе можат да ги реконструираат покривите на зградите или да ги поправат и санираат старите лифтови. За таа цел веќе е објавен јавен оглас на коојшто заинтересираните заедници на станари же можат да се пријават и да ги достават потребните документи од денеска па најдоцна до 1 ноември.

Од Општината објаснуваат дека јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Што се однесува до покривите, ќе се даваат субвенции за замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки во згради постари од 15 години, како и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.

Потребните средства се обезбедени во општинскиот буџет во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и не повеќе од 300.000 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Сопствениците на становите треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на покриви и за поправка на лифтови.

Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар во барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот, во периодот од 15 октомври до 1 ноември 2024 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден – прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни