Општина Битола објави конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“

Наградата се доделува во две категории, односно за едногодишни достигнувања и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина

Општина Битола објави конкурс за доделување на највисоките признанија во градот кои традиционално се врачуваат на денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември.

Објавениот конкурс ќе трае до 24 октомври, соопштија од Општина Битола.

Според конкурсните услови, наградата може да биде доделена на физички и правни лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории, односно за едногодишни достигнувања и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни